Силјановска: Филипче и Хасани одговараат пред Парламентот, Заев е само поштар според Уставот

50

„Претседателот на Собранието треба да го брани Собранието. Собранието се брани кога се почитува Деловникот. Значи во Деловникот има член 219 кој што зборува за оставка на Владата и во него се вели во првиот став дека Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Во ставот 3 се вели дека оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата. Значи до Собранието преку претседателот на Владата. Понатаму се вели дека оставката на член на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и Собранието член 220 на првата седница без претрес констатира дека на претседателот на Владата, Владата или во случајот член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“, појасни Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека тоа за жал денес не се случи, сега се чека Годо.

Образложението беше дека истрагата е во тек. Ама истрагата нема врска со т.н. објективна одговорност, одговорност заради статусот министер или заменик министер.

„И јас затоа цитирав еден од најпознатите имиња во Уставното право Џенгс намерно заради премиерскиот британски систем кој што вели дека секој министер одговара само и само пред Парламентот. Не само за она што сам го работи туку и за сите други што работат во неговото министерство. И реков дека во случајов прмеиерот е поштарот. Значи никаде не пишува дека тој одлучува дали ќе прати нешто или не. Не, премиерот треба да гја прати оставката. Каде? Па до Собранието. Зошто? Поради легимитетот, легимитетот на Владата и на членовите е во Собранието“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека поради власта институциите стануваат слаби, процесот на одлучување е дислоциран од институциите.

-Собранието поради власта стана гласачка машина. Одлуките се носат надвор од Собранието за жал, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.