Силјановска не верувам дека „Рекет“ е лична приказна само на Катица Јанева и Боки 13

121

Јас сум рекла во неколку наврати дека не верувам дека случајот Рекет е персонална приказна врзана само за Катица Јанева и Бојан 13, не верувам во тоа бидејќи не може да функционира тоа на таков начин, ова вечерва во емисијата „Клик плус“ го истакна Гордана Силјановска Давкова.

-Не верувам дека туку така некој бизнисмени биле уценувани и не верувам дека само тие се уценувани, дури си мислам и дека можеби уцени имало и за луѓе од естрадата бидејќи такви работи гледавме навредливи. Она што ме шокира е тоа што телевизијата 1ТВ наликуваше на квази суд, таму цело време не бомбардираа во „инсајдер“ дека никој не е допирлив, документи дури и личности споменуваа и сите се прашуваа како може сиве овие материјали да бидат во една телевизија, значи мора да има некоја спрега. Не ми личи мене дека Катица Јанева дека може таков перфектен систем да креира на рекетирање, вели Силјановска.

Таа додава дека до последен момент имаше и луѓе од власта вклучувајќи го и премиерот кој ја бранеа Катица Јанева.

-Не заборавајте дека Катица дојде во притвор после убаво поминатиот одмор, додава Силјановска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.