Силјановска за Законот за јазици: Го пишувал некој кој не е правник или од некој однадвор

Професорката Гордана Силјановска нагласува дека Законот за јазици има многу недостатоци и има сериозни проблеми со уставноста на решенијата и тоа ќе го оценува Уставниот суд.

-Или законот го пишувал некој кој не е правник, или пак бил напишан од некој однадвор и преведувам бидејќи е номотехничка катастрофа, законот нема преодни и завршни одредби и тоа е недозволиво. Законот не прави разлика меѓу закони што се носат со двотретинско мнозинство и овој закон што се носи со обично мнозинство, коментира Силјановска за ТВ 21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.