13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Силјановска со порака до жените – зошто треба да излезете да гласате! (ВИДЕО)

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук објаснува зошто жените треба да излезат на гласање.

-Зошто жените да изглезат на гласање!?
Срамота е што жените не можеле да гласаат долго време во историјата. Меѓутоа многу жени се бореле и погинале за нашето право на глас. Сетете се само на жени како Вирџинија Вулф или Симон де Бовуар! Гласот не е машки, туку индивидуален. Ако сакате да го промените светот кој се‘ уште е машки, како што пее Персис Лејџ во This is the man’s world треба да влезете таму каде што се донесуваат клучните одлуки!
#ИсправиСеМакедонијо
#Заокружи14
#танцдопобеда, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.