Силјановска: Во образованието на сите нивоа имаме залутани луѓе

39

Вчера при средбата со граѓаните Гордана Силјановска Давкова, носител на изборна единица 1 посочи дека по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе започнат сериозни реформи во образовниот систем бидејќи се неопходни.

-Во образованието на сите нивоа имаме залутани луѓе. Наука со 0,1 проценти не може да имаме. Срамота. Во програмата е првиот чекор кон Обновата. Зголемување на финансиите. Да не ги земаат најдобрите студенти странците, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека шесте државни универзитети не треба да се фабрики за вработување во јавната администрација.

-Новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе плати за објавување во web of science и ќе зголемување на платата за 50%, истакна Силјановска Давкова

Силјановска Давкова посочи дека во програмата има предвидено и стипендии за ученици и студенти.

-Не сите имаат компјутери, не може во Ковид време сите да се online. Мора државата да помогне, и обновата тоа таа го нуди, рече вчера Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека за жал странците ништо не знаат за нас, затоа мора да имаме наша литература.

Силјановска Давкова за крај вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада сигурно еден од нашите универзитети ќе биде меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.