Шилегов денеска во Бутел

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ги посети во саботата Визбегово и Љуботен, каде што ќе оствари повеќе средби со граѓани.

Шилегов во текот на вчерашниот петти ден од кампањата за локални избори 2017 , потпиша декларација за поддршка со ВМРО-Народна партија, во општинскиот изборен штаб во општина Аеродром. Потоа, се сретна и разговараше со пазарџиите од Зелен пазар.

Денеска, кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов ќе ја посети општина Бутел. Средба со граѓани ќе одржи пред пазарчето во Бутел, потоа ќе ги посети дуќаните и пазарчето во ТЦ Живко Брајковски, по што ќе даде изјава за медиумите пред СП маркетот во населбата.

Петре Шилегов ќе ги посети Визбегово и Љуботен, каде ќе оствари повеќе средби со граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.