17.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Шилегов узурпирал над 1000 квадрати државно земјиште во Маврово

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, објави Лидер.

Според документите до кои има дојдено порталот, Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

Парцелата на која се наоѓа куќата на Шилегов
Имотен лист на земјиштето на Шилегов

На аматерските фотографии кои за Лидер ги направил жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Таму градоначалникот на Скопје си градел двор со коцка, која наводно била извадена од депото на град Скопје а претходно била поставена на градскиот плоштад и на улица Македонија.

Од документите кои ги добивме, а ги објавуваме подоле јасно се гледа дека парцелата 1624/1 во Маврово, е парцела во сопственост на Република Македонија заведена како пасиште во вкупна површина од 1750 м2, истата директно граничи со парцелата каде се наоѓа неговата луксузна вила и истата е претворена во дворно место, поплочена со коцка и обградена со потпорни ѕидови.

Викендицата навлегува во државно земјиште (2)
Викендицата навлегува во државно земјиште (1)
Викендицата навлегува во државно земјиште (3)

Повеќе за темата прочитајте на Лидер.