Силен дожд ги поплави Бор и Ваљево

Силните врнежи кои се случија денеска во Србија, поплавија неколку градови во Србија. Бор и Ваљево беа целосно под вода, која достигнала и до половина метар.

Невремето кое го зафатило Ваљево денеска околу 16 часот всушност предизвика река која течела низ улиците во центарот на градот. На поедини места водата достигнала и повеќе од половина метар.

Околу пладне дождот го зафати и градот Бор. Водата ги поплавила просториите на Радио-телевизијата Бор и дописничкото место на РТС, како и бројни приземни делови, гаражи и локали.

Од некои паркирани возила во центарот на градот се гледале само крововите, а дождот паѓал неполн саат. Екипоте на комуналните претпријатија веднаш биле ангажирани за да животот во градот би се нормализира што е можно побрзо.