Силен дожд го погоди Истанбул, смртно настрада едно лице

Обилни дождови ја погодија во саботата турската метропола Истанбул, поплавувајќи улици и подруми, а пријавена е и најмалку една жртва, пренесува новинската агенција Dogan (DHA).

Едно лице е пронајдено мртво во внатрешноста на поплавен подвозник, пренесува агенцијата. Телевизијата HaberTurk известува дека дождот го поплавичл историскиот Голема чаршија, комплексот покриени улички со бројни продавници.

Истанбулските градски власти го запреа превозот на траектите преку Босфор, а во прекин се и некои трамвајски линии во мегалополисот.

Локалните медиуми пренесуваат и дека еден автомобил паднал во јаз поради пропаѓање на дел од коловозот како последица од поројните врнежи, но дека патниците во него не биле повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.