Силен земјотрес ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтеровата скала, е еден од најсилните кој е забележен во Австралија а кој го погодил југоистокот на земјата. Во Мелбурн се оштетени згради, а потресот се почувствувал и во соседните сојузни држави како Јужна Австралија и Нов Јужен Велс, пренесува РТС.

Епицентарот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на државата Викторија и бил на длабочина од 10 километри.

Забележани се  и два дополнителни  потреси со магнитуда  од 4,0 и 3,1 степени по Рихтер.

Ово е еден од најсилните земјотреси во Австралија последните години. Според првите информации не е причинета сериозна  штета и нема повредени, што  потврди и австралискиот премиер Скот Морисон.