Силен земјотрес ја погоди источна Турција

Земјотрес со магнитута од 5,7 според Рихтер ја погоди во неделата турската источна провинција Бингол, од каде пристигнуваат спротиставени вести за настраданите и материјалните штети.

Потресот кој имал епицентар на 56 километри од главниот град на регионот со 81.000 жители и на 5 километри длабочина во округот Карлиова во Бигол бил регистриран во 17,24 часот по локално време, оштетувајќи неколку десетици домови и јавни згради, објави турската агенција за итни состојби AFAD. Главниот удар бил проследен со уште два моќни афтершокови, еден со магнутуда од 4,6 само десет минути по главниот удар, и уште еден со магнитуда од 4,7 во 18,09 часот.

Според првичните информации од локалните власти, во потресот едно лице го загубило животот. Како што пренесе агенцијата Anadolu, повикувајќи се на локалните власти станува збор за припадник на безбедносните сили кој смртно настрадал под урнатините.

Во уривањето на набљудувачка кула на турските безбедносни сили во регионот биле повредени двајца чуваеи, од кои подоцна еден починал, изјави гувернерот Бингол. Осум лица се повредени во селата во оваа област, вклучително и едно дете врз кое паднало покрив.

Во меѓувреме турскиот вицепремиер Фуат Октај за новинарите изјави за „18 настрадани, меѓу кои нема ниеден во критична состојба“, без да споменува жртви.

Октај додаде дека по главниот потрес регистрирани се 46 афтершокови со помала магнитуда. Во моментов продолжува процените на штетите, рече вицепремиерот, кој прудружуван од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за екологија и градежнитво Мурат Курум пристигнаа вечерта во погоденото подрачје.

Треперењето на почвата било почувствувано и во соседните провинции чувствувани и во соседните провинции, вклучувајќи ги Ерзурум, Трабзон, Ерзинчан, Карс, Батман, Дијарбакир, Сиирт, Мардин, Елазиг и Малатија.

Труција има историја на моќни земјотреси. Повеќе од 17.000 луѓе загинаа во август 1999 година кога земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди западниот град Измит, 90 километри југоисточно од Истанбул, а околу половина милион луѓе останаа без домови.

Во 2011 година земјотрес ги погоди источниот града Ван и местото Ерчиш, на околу 100 километри северно, при што загинаа најмалку 523 лица.

Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени ја потрњесе птовинцијата Елази и соседрните региони на 24-ти јануари годинава, при што загина 41 лица, а повредени беа уште 1.600 други, посред податоците на AFAD.