Силен земјотрес ја погоди Панама со јачина од 6,9 степени

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди вчера северниот брег на Панама, во близина на границата со Костарика, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту предупредување за опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 321 километар југоисточно од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од два километра.

Според мерењата на американскиот геолошки институт, земјотресот бил со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала.

– Го почувствувавме земјотресот речиси низ целата земја, но нема штети на јавната инфраструктура или повредени лица, изјави Александар Солис, шеф на Комисијата за итни случаи на Костарика.

– Нашиот тим продолжува да ги следи областите погодени од земјотресот. Досега не е пријавена штета, напиша шефот на панамската цивилна заштита на Твитер.

По првиот потрес следеше уште еден силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, објави ЕМСЦ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.