Силен земјотрес го погоди Исланд

66

Земјотрес со јачина од пет степени го потресе југозападниот дел на Исланд, соопшти Државниот сеизмолошки институт.

Засега нема извештаи за жртви или штета во земјотресот што синоќа го погодил полуостровот Рејкјанес.

Денеска се регистрирани неколку последователни потреси, од кои најсилни биле земјотреси со јачина од 4,6 и 4,3. Нема индиции дека може да дојде до вулканска ерупција, соопшти Сеизмолошкиот завод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.