Силен земјотрес кај Филипини, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени е регистриран денеска во морето кај филипинскиот остров Минданао и беше издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил во 22:37 часот по локално време (15:37 по средноевропско време) и бил на умерена длабочина од 32 километри под морското дно.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на јачината и локацијата, очекува бранови цунами да ги погодат Филипините, Индонезија, Палау и Малезија.

Земјотресите со магнитуда 7,0-7,9 се категоризираат како „силни“. Тие предизвикуваат оштетување на повеќето згради, некои делумно или целосно се уриваат или претрпуваат големи оштетувања. Се чувствува на големи растојанија, а најмногу предизвикува големи штети во радиус од 250 километри од епицентарот. Годишно во светот се случуваат само 10 до 20 земјотреси со ваква јачина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.