Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Земјотрес со јачина на ударот од  7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Карипско море меѓу Јамајка и Куба, информира американскиот Геолошки институт, цитиран од американските медиуми.

Епицентарот на ударот бил на 117 километри северозападно од градот Лусеја, на Јамајка, на длабочина од 10 километри.

Првично беше јавено  дека потресот бил со јачина од 7,3 степени.

Издадено е предупредување за цунами за Јамајка, Куба и Кајманските острови, јавија  британските медиуми.