Силен земјотрес регистриран во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри и 621 километар југоисточно од градот Јокосука на островот Хоншу.

Засега нема информации за материјална штета и опасност од цунами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.