Силен земјотрес во Јапонија

27

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на јапонскиот остров Хоншу.

Како што соопшти јапонската Агенција за метеорологија, првично нема да биде издадено предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на округот Ибараки, што се граничи со Токио, на длабочина од 20 километри во океанот.

Засега нема податоци за можни штети, но земјотресот го почувствувале жителите на неколку области – Токио, Чиба, Ибараки, Миаџија и Фокушима.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.