Силен земјотрес во Хрватска

Земјотрес во 11 часот и 52 минути го погоди подрачјето на централна Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 14 километри од Сисак, со епицентар на 16 километри југозападно од градот и 46 километри од Загреб. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот била 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Како што информираат корисниците на EMSC апликацијата за земјотреси, почувствуван е силен удар и тресење, а пишуваат дека таков земјотрес одамна не почувствувале.

„Многу се тресеше. Одамна не било вака“, напишал корисник од Петриња, додека друг рекол дека целата зграда се тресела.

https://twitter.com/LastQuake/status/1587759697754574848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1587759697754574848%7Ctwgr%5Ea6f86edac573216425750c3fbd09d3c2c88462a9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vecer.press%2Fd181d0b8d0bbd0b5d0bd-d0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181-d0b2d0be-d185d180d0b2d0b0d182d181d0bad0b0-d0bed0b4d0b0d0bcd0bdd0b0-d0bdd0b5%2F