Силен земјотрес во северистокот на Перу

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди денеска североисточниот дел на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот се наоѓал североисточно од градот Санта Анита, на длабочина од 80 километри, се наведува во соопштението на EMSC, пренесува Ројтерс.