Силен земјотрес во северна Албанија

Областа на север на Албанија во 12:26 часот е погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер, пренесува ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри југоисточно од Подгорица и 11 километри северно од Коплик во Албанија.

Деталите за земјотресот се уште не се познати, а нема коментари од очевидци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.