Силен земјотрес ја стресе Атина

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди јужниот дел на Грција, а најсилно е почувствуван во Атина.

Според Американскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 25 километри источно од островот Идра на околу 78 километри јужно од Атина. Земјотресот е регистриран во 11,08 часот по локално време. Грција се наоѓа во зона со висока сеизмичка активност.

Серија силни земјотреси на островот Кефалонија во јануари нанесоа штети на стотици згради, а беа повредени десетина луѓе.