ВИДЕО: Силен земјотрес ја стресе Калифорнија

Силен земетрес со јачина од 6,9 степени, според Рихтеровата мерна скала, ги потресе утринава северните брегови на американската сојузна држава Калифорнија. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 6,9 километри во океанот, соопшти американската сеизмолошка служба.

Новинската агенција „Ројтерс“, пак, објави дека земјотресот бил со јачина 6,1, степени, а неговиот епицентар бил на околу 64 километри од брегот.

Американските медиуми, повикувајќи се на центарот за предупредување сместен во Аљаска, објавуваат дека засега нема опасности од цунами бранови.

„По првичниот потрес, регионот го погодија уште неколку помали земјотреси. Досега, имаше вкупно 12 последователни потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала“, соопштува американската сеизмолошка службa.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.