Силен земјотрес ја зафати Никарагва

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени ја погоди Никарагва, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.

Потресот се случил во 14,29 часот по локално време, на длабочина од 138 километри од епицентарот околу 24 километри јужно од Гранада.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Салвадор и Костарика, а засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.

Никарагва во претходните денови беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,1 степени, кога едно лице загина, а 33 биле повредени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.