Силен земјотрес на Нов Зеланд, нема дојава за поголеми штети

Земјотресот со магнутуда од 6,2 според Рихтеровата скала со епицентар на длабочина од 207 километри, околу 35 километри југозападно до градот Таумарунуи на Северниот остров, објави на својата интернет страница новозеландскиот Geo Net.

Потресот не поттикнал цунами, бидејќи бил на голема длабочина и не имал епицентар во бизина на брегот, наведува новозеландската геолошка информативна агенција.

Министерот за внатрешни работи Крис Фаафои изјавил за локални медиуми дека нема извештаи за штети, но предупреди дека постојат „повеќе шанси“ за дополнителни помали потреси коишто обично следат.

Десетици илјади луѓе од Окленд на север од Кристчрч на Јужниот остров јавиле до GeoNet дека го почувствувале земјотресот кој траел 30 секунди. Парламентот во главниот град Велингтон, оддалечен 360 километри, прекина сои заседавањето по потресот.

Овој потрес е едедн од најраширените кои ја погодија оваа пацифичка земја од оној со магнитуда од 7,8 кој во ноември 2016 година ја погоди земјата во близина на Каикура.