Силен земјотрес ја погоди Јапонија (ВИДЕО)

Источниот брег на Јапонија беше погоден со силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Фукушима на 67 километри од градот Иваки. Властите издадоа предупердување за цунами, кое подоцна било повлечено. Во областа биле регистрирани бранови во восина од еден метар.

Десетна луѓе се повредени, а стотина евакуирани, како последица на силниот земјотрес (7,4 степени според Рихтер) кој го погоди источниот јапонски брег во префектурата Фукушима.

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повчечено, откако најаваните бранови од три метри, во областа на Фукушима достигнале висина од најмногу еден метар.

cunami

Поради земјотресот, во еден момент бил запрен процесот во нулераната централа Фукушима, во делот каде се одложува поторшеното гориво, но по неколку часа нуклераката продолжила да работи со целиот капацитет.

Портпаролката на Компанијата за електрична енергија информирала дека земјотресот не предизвикал штета во ниту една од електраните со кои управува компанијата.

Овој регион во март 2011 година го погоди силен земјотрес кој предизвика цунами, но и сериозни оштетувања во нуклераната централа Фукушима. Тогаш од земјотресот и цунамито загинаа околу 16.000 луѓе, а 2.500 сеуште се водат за исчезнати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.