Силен земјотрес погоди остров во Егејот

(Photo by PM Press Office via Eurokinissi)

Земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтер го погоди во саботата грчкиот остров Карпатос во југоисточниот дел на Егејското Море, објави инститот за геодинамика.

Според Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, земјотресот бил со интензитет од 4,8 степени со епицентар во морскиот дел, 71 километар југоисточно од островот.

Во планирана и претходно најавена посета на Карпатос од рано утрото е грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на неговиот официјален Twitter профил напиша дека го почувствувал земјотресот и бил информиран дека нема штети и повредени.