Силен земјотрес регистриран во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Чиле.

Опасност од цунами нема.

Епицентарот бил 60 километри североисточно од Валпараис, на длабочина од 32 километри.

Засега нема информации за повредени луѓе и за причинета материјална штета, но поради земјотресот 100.000 во Сантјаго останаа без електрична енергија.

Во април северниот дел на Чиле беше погоден од земјотрес со интензитет од 8,2 степени при што загинаа шест лица.

Чиле се наоѓа во едно од најтрусните подрачја во светот.