Силен земјотрес среде ноќ ги разбуди охриѓани и стружани

Силен земјотрес ноќеска беше почуствуван во Охрид и во Струга. Жителите ги разбуди непријатно тресење и нишање кое траело околу седум секунди во два часот и дваест минути.

Епицентарот на земјотресот од 3,7 степени бил во селото Косел близу Охрид. Со потресот жителите на овој регион се потсетија на земјотресите кои минатата година го зафатија Охрид и околината и внесоа голема вознемиреност

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.