Силите на Донецк разбиле украинска бригада крај Мариупол

Силите на самопрогласената Донецка Народна Република на прорускиот исток на Украина, тврдат во вторникот дека извеле „целосно денацизирање“ на бригада на украинските вооружени сили во близина на Мариупол.

„36-та бригада на морнаричката пешадија на вооружените сили на Украина е целосно денацизирана во правецот на Мариупол“, се наведува во објавата на силите од Донецк на Telegram алудирајќи на паравоените формации на украинските ултранационалистички движења кои се вклучени во составот на регуларната војска, кои Москва ги нарекува „неонацисти“ и чија елиминација е една од главните задачи на руската инвазија во Украина.

Притоа се истакнува дека донецките борци заплениле четири украински тенкови, две оклопни борбени возила, како и два сисетми за комуникации на тактичко ниво „Harris“.

„Нашите стручњаци ги проучуваат документите и заштитените носачи на тајни информации оставени од окупаторите за време на срамното бегство“, се наведува во објавата на проруските сепаратисти од истокот на Украина.

Претходно во вторникот во Донецк на редовниот дневен брифинг објавија дека од почетокот на она што Москва го опишува како „специјална воена операција за демилитаризација и денацизација на Украина“ на 24-ти февраури, 331 припадник на украинската војска доброволни преминал во реодовите на милицијата од Донецк, а дека уште 25 украински војници ранети во борбите се згрижени во медицински установи.