Силите од Тиграј тврдат дека етиопските сили почнале голема воена офанзива против нив

Силите на Тиграј денеска објавија дека владата на Етиопија започнала голема воена офанзива против нив во обид да стави крај на војната што трае речиси една година.

Во соопштението  се наведува дека стотици илјади редовни и нерегуларни борци од Етиопија извршиле координиран напад на неколку фронтови. Тие ги обвинуваат етиопските сили и силите од регионот Амхара, каде што голем дел од неодамнешните борби се случија откако силите на Тиграј зазедоа поголем дел од нивниот регион во јуни.

Соопштенеито во кое се наведува дека се извршени воздушни напади, напади со беспилотни летала и бомбардирање на тешка артилерија, не може да се потврди поради прекин на комуникацијата во областите каде што се водат борбите.

Портпаролката на премиерот Аби Ахмед, Билин Сејум, рече само дека етиопската влада ќе продолжи да се бори против уништување, насилство и убиства во регионот Амхара и други делови на земјата. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.