Силјаноска: Може да смените сè, нo татковината никогаш!

Македонија е се што тие немаат, ама Македонија е се што ние имаме. Велат дека сме ве носеле во 19-ти век во времето кога сите мислители истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава. Ние кога ја слушаме химната се идентификуваме со неа, со историјата на нашиот народ, а тие како да се срамат и плашат од неа. Срамота.

Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.

-Нивната филозофија е составена од 3 збора- кажувам, заборавам, негирам. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, рече Силјановска и додаде:

„Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија“.

Може да смените сè, нo татковината никогаш, порача од Гостивар, Силјановска.

Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: „Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените“. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, рече претседателкиот кандидат.

 

Силјановска Давкова потсети дека власта користи една флоскула едно општество за сите граѓани, но едно општество за сите граѓани би значело едно општество на еднакви и рамноправни индивидуи. Не, тие постојано велат дека во едно општество на сите граѓани, сите етнички заедници требало да бидат еднакви и рамноправни и дека така ќе сме живееле среќно заедно. Но тоа не е точна теза, ова општество е мултикултурно, мултиетничко, мултијазично и тоа е реалност. Ама нивното идно општество за сите граѓани е всушност еден многу опасен феномен на бинационално општество, односно бинационална држава.

Со авторитарна власт не се оди во ЕУ, со авторитарна власт не се почнуваат преговори за ЕУ, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се обрати и до разочараните луѓе кои верувале на власта, а не добиле ништо. Им се обрати и до оние кои што треба сега првпат да гласаат на овие избори зошто гласот на 21 април, за нејзе ќе значи глас за правдата за Македонија.

После толку кршење на Уставот и законите, после толку многу непочитување на задолжителното меѓународно право не се сомневам дека ќе го сменат Уставот и ќе го изберат претседателот во Собранието. Тоа е лошо решение. Не само за опозицијата туку и за државата, потенцира Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека правна држава не може да вирае во амбиент на корупција, на криминал, и непотизам. Правната држава ја загрозуваат корупцијата, криминалот и непотизмот. Затоа се вели дека во многу извештаи дека дури и суверенитетот на било која држава е под закана во услови на поплава од корупција, криминал и непотизам.

Јас ако бидам избрана за претседателка на државата, ќе се обраќам многу често бидејќи имам право најмалку еднаш во годината, ама ако ги бројам проблемите на граѓаните дали се тоа еколошки, дали се тоа проблемите на лицата со посебни потреби, дали се тоа проблеми на Ромите, за проблемите на здравствените работници, земјоделци. Долга е листата на обраќањата на која јас се разбира подготвена со аргументи и предлози за политики ќе ги предочам најважните проблеми, додаде Силјановска Давкова.

Правото и правдата ќе дојдат со нас, истакна на крајот од средбата Силјановска Давкова.

Таа заедно со претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија Христијан Мицкоски ги продолжува секојдневните митинзи низ државата на кои ги запознава граѓаните со својата политика и што ќе стори доколку биде избрана за претседател.