Силјановска Давкова: Битката се добива и демократијата се извојува на избирачките кутии

На избирачките кутии се добива битката, гаранцијата за фер и демократски избори ќе биде поголема доколку вие како река излезете и гласате, порача во саботата вечерта пред насобраното мноштво пред зградата на Владата, универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова на централниот митинг во пресрет на претседателските избори која е кандидат предложен од опозициската ВРМО-ДПМНЕ.

„Тука сме собрани за да им порачаме дека на денот на гласањето на гласачките кутии ќе го чујат народниот глас, а тој ќе биде НЕ за нив ДА за нас. Не посочуваат како чудо од земја за корупција и криминал, срамна констататација, каде што има корупција и криминал, суверенитетот на државата е загрозен“, истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Гордана Силјановска Давкова.

Посочи дека актуелната власт направила од земјата рај за корупција и криминал на неколку семејства кои ја управуваат Македонија

„… Небаре живееме во феудализам и на тоа ќе ставиме крај на 21-ви април, а потем и на 5-ти мај. На кутиите се добива битката, гаранцијата за фер и демократски избори ќе биде поголема ако вие во олкав број како што сте денеска тука, како река како Вардар излезете и гласате. Гласате за оние кои носат промени, не заради мене, јас сум реализирана жена, јас сум постигнала се во мојата професија, но мислам дека ако се нафатив на овој предизвик тоа е заради Македонија, демократијата и просперитетот како и европска Македонија“, рече Силјановска.

Додаде дека не смееме да им оставиме простор за повторни византиски парламентарни игри, бидејќи ако нема цензус од 40 проценти ќе си го сменат Уставот.

„За нив постапката не е ништо тешко, не ја почитуваат и ќе си решат претседателот да се бира во Собранието. Погодете тогаш на каков начин тогаш ќе се бира претседателот? На нивен, со пазар, со политички пазар. Сета власт која сега ја има сегашниот претседател ќе биде во нивни раце, а она што јас го нарекувам конзулски систем ќе прерасне во диктатура или ако сакате во републиканска монархија, бидејќи тие сами си се крунисаа за монарси“, истакна Силјановска.