11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Силјановска Давкова: Демократија со предизборна кампања наспроти Хилтон кандидат

Вечерва кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова ги посети жителите на општина Берово каде што говореше за наводната „демократија“ на СДСМ при избор на кандидат за претседател.

Уште еднаш да се заблагодарам на отворената врата на ВМРО-ДПМНЕ, за некој како мене. Тоа беше доказ за демократски капацитет, за европски капацитет. И само споредете го со она што се случуваше вчера на екраните, замислете среде Хилтон, во една од најсиромашните земји, во политичка игра без правила, без процедура заборавија дека распишаа конкурс, на конкурсот се јавија луѓе, а тие во атмосфера на афери и игри си го избраа вчера кандидатот за претседател. И сега ќе го предложат на Конгресот, да го потврди изборот и тоа било демократија. Шокирана сум, рече таа.