15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Силјановска Давкова: Димитров тврдеше дека името е неразделно од нашиот идентитет

-Тоа не може да го укине претседателот. Но, претседател на републиката, може да направи околу себе тим од домашни и странски експерти. Тоа се луѓе од светски глас по меѓународно право. Секоја чест, ти не звучат како европските бирократи и технократи, кои велат дека барем по три основи може да се руши тој договор. Прво, правото на самоопределување, тоа е задолжителна правна норма, задолжително меѓународно право кое никој не може да го негира, ниту пак е потрошно бидејќи тоа е непресушно. Ние се повикавме на тоа право, кога влеговме како рамноправни во југословенската федерација и македонскиот јазик беше еден од трите службени јазици и се повикавме на него и на правото за отцепување и самоопределување, кога излеговме, истакна таа.

Силјановска Давкова потсети на случајот во Хаг и на изјавите кои тогаш ги даваше сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Во 2011-та година, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ покрена постапка, одличен потег, пред Меѓународниот суд во Хаг, во пресудата ќе најдете дека прочуениот судија вели: „Никој не може на ниту една земја да и каже како ќе се вика, какво име“. Ги помнам зборовите на Никола Димитров кој тогаш рече: „Не го одбравме ние, чесен суде, името туку името нè одбра нас.“ И во право беше. Тоа е неразделно од нашиот идентитет, од јазикот и ние не можеме да се откажеме од него, посочи таа.