13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Силјановска Давкова: Ќе го отворам Уставот зашто не овозможува функционална држава

Ќе го отворам прашањето за Уставот, зошто нашиот Устав не овозможува функционална држава, тоа го потврди и француската министерка која беше во посета на Македонија, вели професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на емисијата 360 на телевизија АлсатМ.

Запраша дали може некој со пропадната држава да функционира.

Досега нашиот Устав и 36 амандмани не се занимавааат со клучните прашања. Не велам дека во еден мандат не може да се направи тоа. Но може да се соберат македонските и меѓународните експерти по уставно право и да го разгледаат тоа. Начело на поделба на власта е погрешно поставена, рече Силјановска.

Според неа, треба да има рамнотежа на трите власти или ако едната нема доверба, тогаш паѓа и другата.

Ако нема рамнотежа, тогаш не се функционира или што е со поделба на извршанат власт каде претседталот во склучување на меѓународните договори. Или ова во контекст на Договорот од Преспа каде е претседателот? Правен меѓународен експерт вели дека ако двете страни знаеле дека не постапуваат согласно правото тогаш делата се ништовни. Напаѓањето на Договорот може да е и внтрешно, ама ние немаме Уставен суд кој постапува согласно правото, вели Силјановска.

Силјаноска Давкова рече и дека Преспанскиот договор има голем недостаток, затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот.

„Премиерот Заев по неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка“, посочи кандидатката за шеф на државата поддржана од опозицијата

На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот соговор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: „не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“!

„Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам“, повтори професорката Силјаноска Давкова.

„Доколку станам Претседател ќе отворам иницијатива за Уставот, бидејќи со ваков Устав како држава немаме функционална демократија, да се подобри балансот на начелото на поделба на власта, за да не биде власта концентрирана само во Премиерот. Како жена Претседател ќе иницирам правична и соодветна застепеност по родова линија, за повеќе жени во јавниот сектор. Ќе побарам и поголема надлежност за Уставниот суд. Ќе побарам скратување на привилегиите на Претседателот после истекот на мандатот и ќе побарам скратување на бројот на министерствата во организацијата на владата. Ќе поканам и македонски и странски конституционалисти да дадат придонес во суштинско подобрување на Уставот“, рече Силјановска Давкова.

ОЦени дека оти е важно правото покажува однесувањето на повеќе од 140 држави кои ја признаа Република Македонија под уставното име.

„Тоа значи дека тие го почитувале меѓународното право преточено во меѓународните документи, рече професорката Гордана Силјановска Давкова претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Праша каде се сега истите тие луѓе кои ветувале дека со Договорот од Преспа е сочуван македонскиот идентитет и македонскиот јазик и притоа посочи дека со Привремената спогодба бил зачуван македонскиот идентитет.

„Името од Привремената спогодба не се однесуваше на македонскиот идентитет. Огромна е разликата од овој договор сега и Привремената спогодба. Со неа нашиот суверенитет беше загарантиран, таа не се однесуваше на внатрешните работи, посочи Силјановска.

Професорката укажа и на тоа дека промените на имињата на аеродромот и слично пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година не е основна причина за проблемите меѓу Македонија и Грција и нерешавањето на спорот со името.

„Морате да имате во предвид дека антиката е универзална вредност, категорична беше Силјановска.