Силјановска Давкова: Македонија заслужува промени, промена на име и идентитет не е реформа

43

Кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.

При посетата, Силјановска Давкова посочи дека Кичево за неа е град кој што има посебно место во нејзиното срце.

Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање, изјави Силјановска.

Силјановска Давкова додаде дека Македонија заслужува промени.

Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот, истакна таа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.