Силјановска Давкова на средба со здравствени работници и здруженија на пензионери од Велес

Интегрален текст од сооптението на Гордана Силјановска Давкова

Кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со приватни здравствени работници и здруженија на пензионери во Општина Велес.

Во поглед на пензионерите ми се чини дека ветувањата не се исполнија. Сумите можеби за нив не се големи, меѓутоа месечните божемно очекувавме покачувања, а сега не е така. Напротив е снижувања кога ќе ги соберете кастрења на крајот на годината останувате збунети.

Ветувањето беше дека ќе има посебна грижа за пензионерите меѓутоа ние гледаме дека сега тоа е негрижа бидејќи не само што нема покачување туку има снижување на пензијата и сега ние не знаеме каков ќе биде овој тренд. Меѓутоа ако трендот е континуирано снижување тогаш ветувањето не е исполнето.

Згора во оние дијалози со што беа, разговори со претставниците на пензионерите, цело време тврдењето беше дека ние лошо пресметуваме и дека всушност има покачување. Ама личниот есап, личната сметка на секој од вас, и од чекот, така чекот некогаш зборува повеќе од ветувањето и од кажаното.

Значи коментарот, навистина оние кои цел живот го инвестирале во благосостојбата, во определени области значи инвестирале знаење, време, ум, здравје сега остануваат вчудоневидени. Згора запре онаа дебата околу фондот, шокирани бевме сите, што се случувало значи со фондот за пензиско – инвалидско, почнаа храбро ама очигледно дека договорот со коалициониот партнер потоа работата ја врати на почеток, и сега ние се чудиме што стана со серискиот филм. Неколку гледавме епизоди и кога работата беше дали е во директорот на Фондот, дали е во министерот, дали е во претходната влада, дали е во сегашната власт ама епилог не видовме.

Значи сите ние сме загрижени вклучувајќи ме и мене, што со деновите што доаѓаат. Бидејќи секој очекува дека ќе може да ужива со децата, среќата, со внуците бидејќи тоа што го вложил сега му е вратено, но одеднаш крајна неизвесност.

И сега пазете го видовте парадоксот, сега пратениците по завршувањето на мандатот требало да бидат згрижени затоа што да не оделе по контејнерите, а сите ние без оглед дали сме биле лекари, дали сме биле професори па и може да размислуваме.