Силјановска Давкова: Пред меѓународниот суд во Хаг ќе оспорам одредби од Преспанскиот договор

Ниту еден договор никогаш не е финален, и во името на владеењето на правото и правдата и почитувањето на ‘јус когенс’, еден ден со правни аргументи може да се оспорат низа решенија од Преспанскиот договор, рече во четвртокот вечерта во текот на вата претседателска дебата на Телма телевизија кандидатката за претседател во четвртокот вечерта професорката Силјановска Давкова вели дека

„ Без две страни нема, но основен постулат на меѓународното право е симетричност на договарачите, а не асиметричноста која што е белег на Преспанскиот договор.

Укажа дека живееме во ера во која зборуваме за Обединетите нации не за обединети држави како рамноправни членки. Темелот на Обединетите нации е Повелбата на Обединетите нации и она што се инсистира во Обединетите нации се jus cogens, тоа е задолжителното меѓународно право во кое што влегува и правото на сомоопределување, немешање во внатрешни работи, тоа се двата основни постулати.

„Во Преспанскиот договор има една јасна одредба, во случај на спор, по која напрво се води дијалог меѓу страните, потоа се информира генералниот секретар и на крајот јурисдикцијата е на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Рече дека тоа значи ако Меѓународниот суд на правдата во Хаг како што во 2001 година Македонија покрена спор пред тој суд, а дојде до проблеми како што сега доаѓа со интонирањето на химната, која што се суштински елемент на државноста, може да се укаже на едната страна па на Генералниот секретар на Обединетите нации и може случајот да се најде пред Меѓународниот суд.

„Трета страна не може да биде обврзана со било каков интерпартес договор, дури и третите страни кои не признале под уставното име, не од љубов туку заради почитување на jus cogens нормите може исто така да одбијат и ќе се најде работата пред некој Меѓународен суд или пред Комитетот за граѓански и политички права, бидејќи има многу начини за иницијатива“, рече професорката Силјановска Давкова.

Ме чуди да не сте го прочитале „Преспанскит договор“, му порача професорката Гордана Силјановска Давкова на својот против кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

„Донесувањето на Преспанскиот договор и промената на уставот беше извршено заради барање однадвор. Како не можете да на правите разлика, а кога сте вие одвнатре што сакате можете да загарантирате со вечна клаузула, тоа не значи дека… говорам за името, можете да го вратите слободно, не говорам дека некој друг повторно неможе да го смени уставот, ама калузилите обично се ставаат на уставите… Французите за републиката, Германија за федерацијата, Шпанија за унитарната држава, за нешта кои што, кога биле на атак се заканувала опасност, бидејќи еднаш под притисок името ни го сменија, можеме слободно некоја генерација да стави вечна клаузула. Инаку ве упатувам на Преспанскиот догово““, во еден став на договорот кај што се зборува за името се вели страните се обврзуваат дека нема да го сменат ова решение, и ме чуди да не сте го прочитале. Преспанскиот договор завршува со тн. вечна клаузува таа вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен“, рече Силјановска Давкова во репликата на противкандидатот од владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.

Во овој контекст за тоа дали Уставот е променлива категорија Сиљаноска продолжува дека македонскиот Устав се знае дека не може да биде непроменилив.

„Од Русо преку Џеферсон до Венизелос сите велат дека секоја генерација има право на свој устав и да го смени тој устав и ние можеме да го смениме еден ден“., рече Силјановска.

Но, дека ова го има во Преспаснкиот договор за кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски е непознато. „Ова е ново, не го имам слушнато, дека Преспаснкиот договор е непроменлив, оти е вечен“, рече Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.