Силјановска Давкова во Виница: Власта врши директен упад врз независноста на судството

Со владата на СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, бидејќи за влез во Европската унија се потребни реформи, а единствена реформа направена за овие две ипол години власт нае болната промена на уставното име, истакна во четвртокот вечерта на предизборниот митинг во Виница, кандидатката за шеф на државата предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Јуни е блиску и јас сум уверена дека нема да го добиеме тој датум или пак повторно ќе добиеме формулации од типот на уште нешто да се исполни да се реализира за да можеме да добиеме почеток на преговорите. Далеку од тоа дека јас не сакам мојата и вашата земја Македонија да ги добие преговорите, впрочем 9 пати добивавме позитивен извештај и од Европскиот Парламент и од Европската Комисија само што Советот велеше дека не е дојдено времето за преговори. Мислам дека и овој пат до тоа нема да дојде, не само затоа што ЕУ и самата си има домашни задачи и проблеми особено по Брегзит, туку и затоа што на дневен ред ќе дојде анализата на исполнетоста неисполнетоста на критериумите за почеток на преговорите. А тие критериуми оваа држава и оваа власт не ги исполнува. Единствената реформа која што ја направи е болната промена на името на Република Македонија, вели Силјановска Давкова.

Додаде дека промената на името е направена со кршење на процедурите и дека единствено договори во името на државата може да склучува претседателот на републиката, а не како што беше случајот со промена на уставното име на Македонија, каде што министерот за надворешни работи на СДСМ го направи со потпишување на договорот.

Различна е ситуацијата сега зборуваме за кршење на задолжителна меѓународна норма која што се однесува на правото на самоопределување чии неизоставен и неразделен момент е и првото на сопствено име, знаме, химна и устав. Значи ние не сме против договарање и преговарање, не сме против компромиси меѓутоа како и сите други држави кои што се под ОН, како сите други нации и ние бараме да бидеме рамноправни во овој поглед. И се разбира дека тоа на правен начин ќе го издвојуваме и се разбирам не велам утре, но кога нешто е засновано на кршење на устав и на кршење на меѓународно право тоа може да биде ништовно, додаде Силјановска Давкова.

Истакна дека таа лично се залага за владеењето на правото, правна држава, и почитување на човековите права, истакнувајќи дека во моментот во државата нема судски реформи бидејќи на чело на Советот којшто треба да се носат судски реформи се наоѓа Зоран Заев, а самиот тој бил предмет на истрага, односно како што рече таа ова е непознат феномен во судството кое треба да е целосно независно од извршната влада.

Како ќе има судски реформи ако на чело на советот за судски реформи стои премиерот? Нели е тоа директен упад во независноста на судството. Во тоа тело треба да седат врвни правници, судии, адвокати, но не и премиерот на владата. Особено што и самиот беше предмет на истрага, смета Силјановска Давкова.

Рече дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија тоа што го има напишано во програмата и тоа што го ветила пред граѓаните ќе го исполни, бидејќи за неа кажаниот и ветениот збор е многу значаен.

Истакна дека една од првите мерки е да се откаже од привилегиите кои што ги имале претходните претседатели, бидејќи во сиромашна држава претседателот на државата треба да живее, сочувствува и да ги разбира граѓаните.

На крај Силјановска Давкова побара граѓаните масовно да излезат на изборите и да и дадат поддршка на претседателските избори се со цел во Македонија да се врати правото и правдата.