Силјановска Давкова за двојазичноста: Не постои стекнато право на неуставен начин

Не постои стекнато право на неуставен начин. Значи јас направив една уставно правна анализа на овој закон низ призма на Рамковниот договор, низ призма на Уставот, но исто така и низ призма на двата најважни документи, европски, на кои и во Рамковниот договор се упатува, а тоа се Конвенцијата за регионални и малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, вели професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното прво интервју дадено за вестите на Сител телевизија.

Силјановска Давкова истакна дека Уставниот суд е тој кој што кажува дали нешто е уставно или неуставно, односно тој е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи.

Таа додаде дека очекувала самиот Уставен суд на Република Македонија да иницира постапка и да одреди времена постапка каде што ќе се оцени дали е спротивно на Уставот и и законите.

Самиот да иницира постапка и да одреди времена мерка. Зошто? За да не дојде до ова што викате вие, третирање на еден процес неуставен како неповратен иако е спротивен на Уставот и законите, изјави Силјановска Давкова.