Силјановска Давкова за власта: Тие ја заборавија химната, немаат никаков авторитет кај народот со чиј идентитет тргуваа

20

Тие како да ја заборавија химната, тие наместо за право и правдини зборуваат за политиката и дека немаме друг излез, дека ова мораме да го сториме, порача кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова од вечерашниот митинг во Валандово.

Но, ЕУ и НАТО, дури и да почнете преговори, апсолутно не носат со себе ноту демократија, ниту економски развој, ниту европски политики. Не, тие се додворуваат, затоа што кога немате достоинство и мислите дека можете да располагате со достоинството на овој народ, вие го потпишувате тоа што ќе ви го стават на маса, а потоа иако велите дека се работи за болна отстапка, непозната во поновата историја, се фалите дека тоа е вистинскиот чекор и дека тоа ќе вроди со европеизација, рече таа.

Професорката оцени дека ниту оние кои ја охрабруваа власта и кои ја подреа, повеќе не им веруваат.

Не само што не им веруваат туку и не ги почитуваат. Сите го знаеме тоа од животот. Ќе ве почитуваат ако имате став, ќе ве почитуваат ако сте борец. Ќе ве почитуваат ако сте чесни во битката за ставот. Ако имате авторитет, а не моќ. Тие немаат никаков авторитет кај народот. Како ќе има некој авторитет кој што ве понижил и навредил? Кој што ви го оспорил идентитетот, кој тргува со идентитетот, кој што ви го сменил идентитетот во името на добрососедските односи, порача таа од Валандово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.