Силјановска до Пендаровски: Не може некој што бил дел од сите досегашни влади да бидете реформатор

Во втората претседателска дебата на МРТ1, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ја обвини кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова дека во минатите години правото не владеело во Република Макеоднија и институциите не функционирале.

На ова обвинување, Силјановска му рече дека нема спас од евоцирање спомени и дека треба да се соочиме со сегашната ситуација за да се решат проблемите.

Јас ниту сум имала некаква улога, ниту сум била дел од тие структури, за разлика од мојот противкандидат Пендаровски којшто бил советник за безбедност и надворешна политика, речиси во сите процеси од 1990тата година па до денеска во сите структури. Би требало советникот да ги советува оние за кои бил платен да влијаат врз концептот на владеењето на правото, но во градењето на кариерата тој се разбира станал дел од тој систем. Ако сте креирале еден модел на систем тогаш вие не можете да го измените него, креаторот не може да биде реформатор, му одговори Силјановска на Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.