7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Силјановска до Пендаровски: Вие сте човекот кој советуваше кога е прекината истрагата за атентатот на Глигоров

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова на својот противник му посочи дека тој е човекот кој советуваше кога е прекината истрагата за атентатот на Глигоров.

Му реле: „Вие сте човек кој не се качи во авионот кога загина Трајковски“.

-Вие се што сте правеле за овие 20 години било само за кариера. Со сите сте биле, се сте извршувале. Дури не сте советувале да речеме и кај сте биле кога е прекината замислете постапката за истрагата обидот за убиство на претседателот Глигоров, не знам што сте советувале. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со претседателот Трајковски. Вие сте човекот кој што учествуваше во она што се случуваше во Тетово и Гостивар за настаните. Вие сте човекот кој веројатно сте советувале Бранко Црвенковски да го разреши Никола Димитров, нагласи Силјановска.

Силјановска дури го потсети Пендаровски дека и судството во оваа власт е катастрофа и не е чудно што Македонија не доби датум за преговори за членство во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.