Силјановска е исклучителна личност и професор, Ѓорчев израсна низ сите партиски структури

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има добиено кандидатура од професорката Гордана Силјановска и пратеникот Влатко Ѓорчев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во МРТ1, одговори дека досега во партијата има пристигнато две кандидатури.

За формалниот процес, Мицкоски објасни дека согласно партискиот статут, во партијата има Комисија која ќе ги разгледа пристигнатите кандидатури, коишто во прво време се анонимни и до 31-ви јануари се во плик при што кандидатите не се познати во партиското седиште.

До овој момент, рече Мицкоски, пристигнати се две кандидатури, а процесот за кандидирање завршува на 31-ви јануари.

Рече дека можно е Комисијата да почека ден или два во случај да има некоја кандидатура пратено по пошта и потоа ќе пристапат кон отварање на истите,за во рок од пет дена да ги објават кандидатите на јавноста.

Ако ме прашувате лично за професорката Силјановска, можам да ви кажам се најдобро. И како човек, и како професор. Станува збор за исклучителна личност со јасно искажани ставови за сите круцијални прашања во изминатиов период и навистина за мене претставува привилегија што познавам таква личност во мојот живот и што сум разговарал на различни теми, изјави Мицкоски за професорката Силјановска.

За Влатко Ѓорчев, Мицкоски рече дека е „Тоти во ВМРО-ДПМНЕ“.

Потекнува од Унијата на млади сили се до сениорите, голема додадена вредност оставил во рамките на партијата, борец неприкосновен лојалист, можам се најдобро да кажам за човекот којшто и во рамките на Извршниот Комитет сме заедно. Имам исклучителна можност и со него да разговарам и да го запознаам, рече тој.

Мицкоски рече дека не знае дали двете апликации се од овие двајца луѓе, но многу брзо македонската јавност ќе има можност да дознае кои се луѓето кои ќе ја бараат добербата од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка за претседателски кандидат за следните Претседателски избори.