Силјановска: Јас сум одамна во ЕУ и НАТО амбиентот што не важи за сите мои противкандидати

Јас сум одамна во ЕУ и НАТО амбиентот што не важи за сите мои противкандидати, кажа кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во интервју за ТЕРА.

-Јас сум од 90 тите години во најпознатите европски научни меѓународни институции. Но прашањето е друго. Да, човек треба да разговара, да преговара, да се договара, но самите договори не ве носат ни во ЕУ ни во НАТО, вели во интервјуто Силјановска- Давкова.