Силјановскa : Луѓето се охрабруваат и го најавуваат падот на оваа ненародна влада преку победа на 5. мај

42

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, денеска беше во посета на Куманово, каде оствари средби со голем број граѓани.

Го посетивме соборен храм Св. Никола во Куманово, во овие празнични денови да се обединиме, да ја почитуваме традицијата, културата и религијата. Неформални средби со граѓани на кои истакнат беше фактот дека Куманово е единствена општина каде што уште од комунизмот една партија владее во градот. Затоа градот е на ниско ниво на развој, младите бегаат и не се решени основните инфраструктурни потреби, вели Силјановска и додава:

„Се повеќе расте поддршката во секое посетено место, луѓето се охрабруваат и го најавуваат падот на оваа ненародна влада преку победа на претседателските избори на 5ти мај“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.