Силјановска: Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова овој викенд е во работна посета на Охрид и Струга.

Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!
Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.
Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга.
До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните? До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.