Силјановска: Нема никакви реформи, па ниту во судството

Врз основа на научените лекции ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа ќе се почитува правото и правдата. А она што се случува сега е далеку од тоа дека се направени реформи воопшто, како и во судството, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во дебатата на телевизија Канал 5 посочувајќи во дебатата дека во првите редови на ‘Шарената револуција’ одеа професионални демонстранти кои сега ги гледаме во Собранието и низ институциите

„Сите се изморија кажувајќи дека нема реформи. Преку изјавите на Макрон, Франција ни кажува дека нема реформи или се измачија чекајки реформи. Повторувам јас не отстапувам од почитување на правото“, рече Силјановска.

Според неа е јасно дека, почеток на преговори нема зошто нема реформи.

„Нема реформи ниту во судството, тоа ни го кажуваат и меѓународните експерти’, рече Силјановска.

На дебатата на Канал 5 телевизија Силјановска за Пендаровски рече дека тој како претседател на Државна изборна комисија кој што ништо не направил во 2004 година за да ги повика дури граѓаните да излезат на гласање, напротив сега да зборува за бојкотот, навистина смешно, вели таа.

„Ситуацијата е целосно различна, имено на тоа прашање референдумско како го нарече професорот Карлос Флорес Хубериас најбесрамното прашање во историјата на референдумите, човек да сакаше да одговори не можеше затоа што беа злоупотребени ЕУ и НАТО, а никаде нема точно во прашањето дали сте за Преспанскиот договор“, рече Силјановска Давкова.

Рече дека луѓето не излегувале и бојкотирале затоа што не сакале да прават компромис со правото да легитимираат и легализираат, нелегитимно и нелегално прашање.

„Основните причини за бојкотирам треба да се каже дека се врзани за името затоа што за нив тоа прашање е толку болно што не сакаат дури да се изјаснат за него“, рече Силјановска.

Опозициската кандидатка во продолжение рече дека е смешно претседател на Државната иборна комисија (ДИК), како што беше Стево Пендаровски во 2004 година, кој ништо не направил тогаш по прашањето излезност на избори сега да зборува за бојкот, ситуацијата е различна.

„На референдумот луѓето не излегуваа зошто не сакаа да прават компромис со правото. Прашањето за името е толку болно и не може никако тоа да го споредиме со избори или со ова сега, рече Гордана Силјановска Давкова на дебатата на Канал 5 телевизија.

Во однос на тоа дали била дел од демонстрациите во 2015 и 2016 година, Силјановска рече дека тогаш одбила да се поистовети со одредени личности чии интереси биле само да се добије позиција во власта или во некоја државна институција.

„Не марширав зошто во првите редови беа демонстранти или како да речам професионални демонстранти кои сега ги гледамее во институции, во Собрание. Јас тоа не сум, рече Силјановска.