Силјановска: Нема владеење на правото, а Собранието е безгласна буква

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на Македонската Радио Телевизија истакна дека владеењето на правото веќе одамна го нема во Македонија. Таа посочи дека рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на премиерот, Собранието е безгласна буква, а судството во државата одамна не е независно.

Владеењето на правото не е само моја професионална вокација, туку е и моја животна филозофија. Владеењето на правото одамна го нема во Република Македонија. Без поделба на власта нема владеење на правото, нашето Собрание е безгласна буква, гласачка машина. Рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на владата, да не кажам во корист на премиерот. Јас тоа го нарекувам премиерски систем, а заедно со лидерот на другата партија го нарекувам конзулски систем. Судството одамна не е независно, поточно измените на Кривичниот законик врз донесувањето на законот за амнестија јасно говорат дека немаме независно судство, вели Силјановска.