9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Силјановска: Oбединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет

Преку својот Фејсбук профил, професорката Гордана Силјановска Давкова го честиташе 9-ти мај како Ден на Европа.

-Ви го честитам и 9ти Мај како Ден на Европа! Декларацијата на Роберт Шуман, францускиот министер за надворешни работи, е презентирана на 9ти Мај 1950година. Шуман бил голем визионер, а неговата визија мора докрај да се исполни. Целосно обединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет. Европа значи демократија и владеење на правото, почитување на основните човекови права, достоинство, слободата и еднаквоста, односно почитување на европските заеднички вредности ипринципи, зацртани во Договорите на ЕУ. Овие вредности ги обединуваат сите членки на ЕУ и ниту една земја која не ги почитува овие вредности не може да припаѓа на Унијата. Република Македонија, како природен дел од Европа, мора да се движи по овој пат. Политичарите можат да се менуваат, но основните фундаменти на Европа се непроменливи и сите мора да се придржуваат кон нив, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.